Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. 

-Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 отсто експропријација, а сега експропријацијата е 100 проценти решена. Сите граѓани се целосно исплатени од страна на Градот. Денес сме во фаза кога 75 проценти се реализирани од клучката и, како што ветив, до Нова година овој потег ќе биде целосно завршен. Станува збор за комлексен проект кој има два километра потпорни ѕидови, пешачки и велосипедки патеки. Се работи на пет мотови, последните се во финална фаза, информира Ѓорѓиевски.

Тој напомена дека до Нова Година ќе бидат завршени уште два проекта: мостот на реката Серава кој се проширува и мостот на Љубљанска. 

Реклама

Како што истакна градоначалникот, сериозно се работи и на булеварот „Борис Трајковски“, а во август ќе почнат работите и на мостот што ги поврзува Гази Баба и Аеродром.

-Владата и премиерот се наша силна поддршка, не само за Скопје и за мене, туку за сите скопјани, 60 милиони денари обезбеди Владата за клучката кај Момин Поток. Ова е едно од ремек делата кои ќе ги завршиме, потенцира Ѓорѓиевски.

Според премиерот Мицкоски, Владата ќе продолжи да ги поддржува општините. 

-За овие неколку месеци се направија големи исчекори на проекти кои беа заглавени. Се гледа огромен напредок откако е Орце градоначалник. До Нова Година три проекти се очекува да бидат завршени. Градот Скопје од Владата треба да добие до Нова Година камиони, цистерни и метларки, тендерот е завршен, кон крајот на август ќе може да се промовира и таа опрема. Таква опрема ќе добијат и уште неколку поголеми општини. Сега е процесот на жалби, очекувам да заврши и да се добијат новите електрични автобуси во Скопје и во други општини. Се интензивираат активностите и проектите и се она што е ветено. Не може преку ноќ да го поправиме она што е со децении уништувано, но, со посветена работа и невозможните работи стануваат возможни, подвлече Мицкоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа