Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Климовски: Ако пропаднат претеседателските избори, СДСМ, најголемите институции ги препушта на ДУИ

Неуспешни претседателски избори заради немање на цензус се можно сценарио доколку парламентарните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неуспешни претседателски избори заради немање на цензус се можно сценарио доколку парламентарните и претседателските избори не бидат споени. Уставот и законите се јасни, ако пропаднат претседателските избори односно не биде постигнат цензусот од 40 % плус еден глас, изборите ќе бидат неуспешни. Заради истекување на мандатот на актуелниот пратседател кој нема да има законска можност да биде на чело на државата, вршител на должноста по автоматизам станува претседателот на Собранието, односно Талат Џафери. А местото на Џафери би го завземал некој од актуелните потпретседатели на законодавниот дом.

Можноста за неисполнување на цензусот на претседателските избори, остава простор на чело на државата да дојде кадар од ДУИ, а и според договорот Заев- Ахмети, и премиер на државата да биде од редовите на Интегративиците.

Според професорот Саво Климовски, не е нормлано тоа што СДСМ и ДУИ го прават, оти распоредот на силите треба да биде според силата на изборачкото тело, а ДУИ има само 13 пратеници во Собранието.

Реклама

Логичен е одговорот дека е ненормално. Кога ќе ги погледенете работите во Македонија што се случија во нивнотото владеење во последните 5-6 години, тие почнаа ненормално, насилно, надвор од сите правила и сега ние се обидуваме да ги применуваме тие правила што ни се пишани во Уставот, во ненормални услови, вели Саво Климовски – универзитетски професор.

Според Климовски, важно е изборите да биде споени, не само заради финансикиот аспект, туку и заради како што вели тој губењето на време, во период во кој во светот се случуваат тектонски промени, а Македонија треба да си го најде своето место. Вели потребен е квалитетен претседател да застане на чело на државата, ама за сега, барем во јавноста, таков канидат СДСМ нема.

Јас кај СДСМ во моментов не гледам таков човек. Односите и луѓето кои што би требало да предложат таков човек се повлечени и се на маргините на таа политичка опција, не гледам, а можеби има, човек кој што ќе биде свевен дека е носител на суверенитет на секој граѓанин, вели Саво Климовски – универзитетски професор.

Според дел од познавачите, расколот во СДСМ може да им одземе голем број на гласови на социјал-демократите и на претседателските, но и на парламентарните избори, затоа партиајта на Ковачевски не дава спојување на изборите. Декларативно премиерот вели дека изборите ќе бидат одвоени затоа што така било пропишано со закон. И да се спојат изборите нема да бидат прекршени правилата, а во Македонија во три наврати се имаат одржувано споени изборни циклуси.