Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Кисела Вода објави јавен повик за пријавување штети од силното невреме

Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули годинава.

Како што информираат оттаму, по одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општината итно се формирала Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен, со што започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира во соработка со Владата и со Град Скопје.

-Образецот за пријавување штета е достапен во Архивата на Општина Кисела Вода, а истиот може да се преземе и електронски од нашата официјална веб-страница, на следниот линк: https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/20260723154706635-1.pdf. Пополнетиот образец, заедно со комплетната документација, се доставува во Архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, најдоцна во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата, соопштуваат од Општината.

Реклама

Кон барањето е задолжително да ги приложите и следниве документи:
 -Важечка лична карта или патна исправа (фотокопија);
 -Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);
 -Фотографии од локацијата по претрпената штета;
 -Записник од МВР за настанатата штета.

-Општина Кисела Вода апелира до граѓаните навремено да ги поднесат своите барања. На овој начин, постапката за проценка на штетите ќе може да се спроведе максимално ефикасно и во најкраток можен рок. Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани согласно законските прописи, додаваат од Општината.