Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Прес-релис

Казинос Австрија Интернешанал Македонија и годинава го поддржува „Охридско лето“ – инвестиција во културата, традицијата и трајните вредности

Кога културата и традицијата се негуваат со љубов и посветеност, тие стануваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога културата и традицијата се негуваат со љубов и посветеност, тие стануваат најсилниот мост меѓу минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа,Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост е дел од поддржувачите на фестивалот Охридско лето, најзначајната културна манифестација во земјава и еден од најреномираните фестивали во Европа.
Од 12 јули, Охрид повторно ќе стане сцена на врвната музичка и драмска уметност, собирајќи светски и домашни уметници, како и публика која повеќе од шест децении го препознава фестивалот како симбол на културниот идентитет и духовното богатство на Македонија. Фестивалската програма на Охридско лето ќе се реализира во перидот од 

12 јули до 20 август,  на повеќе локации: Античкиот театар, црквата „Света Софија“ и нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“ и сцената Долни Сарај. Вкупно се предвидени 48 настани со учество на над 700 уметници од 24 земји  

Со свечен гала концерт насловен „Љубов“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Настанот ќе биде под диригентската палка на Марко Боеми од Италија, а со оркестарот на Националната опера и балет на Македонија ќе настапат реномираната сопранистка Ермонела Јахо од Албанија и светски познатиот тенор Чарлс Кастроново од САД.

Реклама

За Касинос Австрија Интернешанал Македонија, поддршката на Охридско лето е многу повеќе од спонзорство. Таа претставува вложување во вредностите што го обликуваат едно општество, уметноста, културата, образованието и  секако, чувувањето на традицијата. Веруваме дека културното наследство не е само спомен од минатото, туку жива инспирација која ги поврзува генерациите и создава простор за нови идеи, креативност и дијалог.Како општествено одговорна компанија, Касинос Австрија Интернешанал Македонија  континуирано поддржува иницијативи кои оставаат трајна вредност во заедницата. Инвестирањето во културата значи инвестирање во иднината, затоа што токму преку уметноста се гради чувството на припадност, почитувањето на различностите и свеста за сопствениот идентитет.
И годинава, Касинос Австрија Интернешанал Македонија  со гордост ќе стои покрај фестивалот кој повеќе од шест децении е чувар на највисоките културни вредности