Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Има ли средна класа во Македонија?

Парите од ден на ден губат вредност, инфлацијата расте, а граѓаните осиромашуваат.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парите од ден на ден губат вредност, инфлацијата расте, а граѓаните осиромашуваат. Остана ли дел од населението во средната класа или пак таа целосно се изгуби во Македонија? Сегашната влада дојде на власт со ветувања за враќање на средната класа во земјава, но синдикатите велат дека ништо од ова не е остварено. Средната класа е еднаква на нула – вели првиот човек на Синдикатот за индустрија, енергија и рударство Игор Герасов. Ако во поранешната држава некој можел со гордост да каже дека е работник, сега тоа повеќе не е така. Ако можело да има за храна, облека, да се отиде на каков таков одмор, да не се брои како се троши секој денар, сега состојбата е далеку од розова. Ретко кој работник може да си дозволи да оди во кино или театар. Речиси и да ги нема колективните летувалишта и детските одморалишта.

Според минималната потрошувачка кошничка на синдикатот, на едно четиричлено семејство само за најосновните потреби му требаат 52 илјади денари. Минималните трошоци биле зголемени за дури 13 илјади денари од стартот на војната во Украина досега. Тоа значи дека на двајца родители со две минимални плати, им недостасуваат дури 16 илјади денари за да го поминат месецот. Инфлацијата која достигна 19,5% дополнително ги „изеде“ платите.

Просечната плата не значи дека некој е припадник на средна класа. Иако таа меѓу другото е и лично чувство за добросостојбата на домаќинството, се смета дека некој е во средна класа ако откако ги подмири основните трошоци за храна и домување, на семејството му останува уште една третина од парите за трошење. Тоа значи дека ако едно домаќинство потроши 50 илјади на основни потреби, треба да му останат уште 15 илјади денари. Едноставно, двајца родители треба да имаат вкупни приходи од 65 илјади денари, односно секој да има плата од 32.500 денари. Дури 70% од вработените не ги достигнуваат овие примања.

Реклама

Најголем дел од работниците земаат плата под државниот просек. Власта за џабе се фали со просечна плата од 500 евра за да постигне политички поени. Според универзитетскиот професор Лазар Јовески, реалната просечна плата во земјава е околу 21 до 22 илјади денари. Дури 35% од вработените се пријавени на минималец, а голем е бројот на работници кои се принудени да враќаат дел од платата назад кај газдите. Притоа, високото ниво на просечна плата го подигаат фирмите во главниот град. Во помалите градови од внатрешноста, состојбата е драстично различна, а примањата на работниците помали.

Едноставно, во Македонија граѓаните се или богати или сиромашни. Идејата за влез во т.н. средна класа и натаму останува далечна желба за многумина.

Тања Попова

https://youtu.be/EmK07bNgtPM