Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Има ли Македонија пилоти за гаснење пожари? – Ангелов и Максути со спротивставени изјави

Високите температури и појавата на пожари кои беснеат во регионот го наметнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високите температури и појавата на пожари кои беснеат во регионот го наметнува прашањето,има ли Македонија доволно пилоти, кои би можеле да управуваат со специјализираните авиони за гаснење на пожари? Згора на тоа што во моментов  државава на располагање има само еден авион канадер и евентуално два хеликоптери,добро упатените велат и да се стават во функција трите авиони, за да можат да гаснат пожари во исто време,на  Дирекцијата за заштита и спасување,ќе и требаат девет пилоти,а во моментот има само тројца кои што се со потребниот сертификат.

 Околу ова,директорот на Центарот за управување со кризи и првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување,со спротивни изјави.

  • И сите специјализирани авиони да се во фунција, има недостаток на пилоти? Апсолутно сте во право бидејќи секое матерјално техничко сретство треба да го користи човек, почнувајќи од авионите, хеликоптерите, па до една обична цистерна,треба вешт возач кој што ќе знае да ја однесе онаму каде што е неопходно рече Стојанче Ангелов -Дир на ЦУК:.

Незнам од каде ви е информацијата дека немаме пилоти. Пилоти имаме. Дел од пилотите завршија обука, а другиот дел од пилотите ќе го завршат до крајот на годината тоа што беше отворено како постапка веќе две години. Да не заборавиме дека имавме ситуација со корона, кога година ипол беше се затворено, и за време на тој период тие неможеа да го завршат тоа што им беше започнато“вели Беким Максути –Дир на Дирекцијата за заштита и спасување.

Реклама

Максути уверува дека на пилотите им биле продолжени лиценците и дека тие извршиле и пробни летови,бидејќи станувало збор за многу специфични и ризични летала.И додека тој очекува во случај на пожари први да реагираат општинските противпожарни служби, за Ангелов вистинска мака е што доколку се појават повеќе пожари во исто време, приоритет при праќањето помош ќе била политичката пропадност на градоначалникот на чие подрачје избил пожарот. Македонија нема нити доволно пожарникари, нити опрема,сликата е секаде иста, градоначалниците сега прават напори да ги оспособат противпожарните служби. 

Инаку пожарите од ланското лето кои беснееја низ државата, направија штета од 37,7 милиони евра.Во периодот меѓу јуни и септември, се случиле 142 шумски пожари,во кои изгореле 11 хектари шума..

Росица Голабоска