Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

„Илинденски денови“ во Битола ќе обединат 1.300 учесници од девет земји

Уметници од НР Кина, САД, Венецуела, Порторико, Холандија, Словачка, Грција, Шведска и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уметници од НР Кина, САД, Венецуела, Порторико, Холандија, Словачка, Грција, Шведска и 23 ансамбли од Македонија ќе учествуваат на годинешното 56 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илиденски денови“.

Како што најави директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски, фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ годинава ќе трае од 14 до 31 јули, со што ќе продолжи одржувањето на еден од најзначајните фестивали посветен на традицијата, културата, нематеријалното културно наследство, препознатлив насекаде во светот.

– „Илинденски денови“ е фестивалот, а годинешното мото е „Точка на поврзување“ илустриран со растението глуварче чие семе разнесувано од ветерот се пренесува на различни места и создава свои корени, слично како што тоа го прави фестивалот „Илинденски денови“ кој поврзува многу луѓе, традиции и насекаде се вкоренува. Во 18 фестивалски денови ќе имаме над 70 културни настани со 1.300 учесници од земјава и странство од 35 различни ансамбли и фолклорни групи. Фестивалот ќе почне со настап на симфонискиот оркестар од градот Нингбо, НР Кина. Концертот го обезбедивме со поддршка на амбасадорката на НР Кина во Македонија, и за нас е посебно важно бидејќи Нингбо е збратимен град со Битола – посочи Илковски.

Реклама

Валентин Соклевски, уметнички раководител и селектор на фестивалот, истакна дека новото фестивалско издание на „Илинденски денови“ во Битола ќе се реализира на повеќе фестивалски сцени на кои ќе настапат ансамбли, поединци, здруженија на граѓани, уметници од земјава и странство.

– Создаваме програма од уметниците кои овозможуваат поврзување на минатото со сегашноста, на коренот со цветот, на денешнината со иднината. Нашата приказна е слична со глуварчето, многумина се обиделе да ја променат нашата традиција, да ни ја одземат, но ние цврсто ја чуваме, таа расте и се пренесува во иднината. Традицијата е нашето минато, нашата сегашност и желба за иднина, а глуварчето се дува за желба – нагласи Соклевски.

Фестивалските денови почнуваат на 14 јули со концерт на симфонискиот оркестар од Нингбо, НР Кина.