Реклама

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Свет

Израел ги предупредил САД за наводен ирански план за убиство на Трамп

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп – јавија Си-ен-ен и „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори.

Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА.

Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-ен-ен повикувајќи се на американски функционер. Меѓутоа, предупредувањето од Израел било ново и вклучувало конкретен план за атентат, изјавил функционерот.

Реклама

Друг американски функционер изјави за Си-ен-ен дека предупредувањето може да претставува и обид за влијание врз одлуките на Трамп во врска со војната со Иран. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна бараше поостар став кон Техеран и влезе во судир со Трамп за тоа прашање.

Трамп ги подгреа шпекулациите за безбедносните грижи откако, спротивно на очекувањата, не го искористи новиот авион „ер форс уан“ (Air Force One) на својот повратен лет од самитот на НАТО во Анкара.

– Јас сум број еден на листата за отстрел на Иран – рече тој, без да навлегува во подетални објаснувања.