Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Игор Џамбазов е добитник на наградата „Васил Иљоски“ за 2026 година

Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашниот добитник на престижната награда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашниот добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност.

-Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од најпрепознатливите уметници на македонската сцена- изјави директорката на установата, Јоана Сарафимовска.

Од Центарот за култура наведуваат дека исклучителната актерска дарба на Џамбазов, неговиот препознатлив хумор и повеќедеценискиот придонес во театарската и културната уметност оставиле неизбришлива трага кај публиката, поради што заслужено се вбројува меѓу најзначајните имиња на македонската комедија.

Реклама

Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на 23 септември 2026 година, на отворањето на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, во големата сала на Центарот за култура во Куманово.

Добитници на наградата „Васил Иљоски“ во изминатите години беа Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Сашко Коцев и Весна Петрушевска.