Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Иванов: Во Македонија се случува градежен бум невиден до сега, започнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце и со интензивно темпо се работи на Охрид-Кичево

Македонија инфраструктурно се развива со засилено темпо. Се градат патишта и автопатишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија инфраструктурно се развива со засилено темпо. Се градат патишта и автопатишта во сите делови на државата. Вакво вложување во патната инфраструктура, вакви градежни активности на неколку делници истовремено, во повеќе делови од државата, до сега немало, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на пратеникот Душко Иванов.

Покрај актуелните што се градат со несмалено темпо, веќе од следниот месец, во август почнува изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, проект којшто со децении беше најавуван, а единствено само се купуваа парцели вдолж предвидената траса.

Автопатот во должина од 10,5 километри на исклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора е со вкупна вредност од 235 милиони евра, од кои 30,8 милиони се грант од ЕБОР, а рокот за изградба е четири години.

Реклама

Скопје-Блаце ќе ги поврзе Македонија со Косово и ќе продолжи понатаму кон Тирана и Драч, како и кон Бар. Со тоа, кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот.

Од друга страна, интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево и се решаваат наследените проблеми. За таа цел, се потпиша Анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени Правилникот за технички услови со што се смени рецептурата на асфалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање.

Го ефектуиравме Анексот и средствата за доизградба на проектот ги ставивме на располагање, се постигна и договор со изведувачот за откажување од арбитражната постапка со што на државата и се заштедуваат 50 милиони евра, се изнајде решение и за косините со т.н. галерии.

Паралелно со решавање на овие наследени проблеми се засили изградбата на автопатот, така што во употреба за возење се пуштија 37 километри од самата делница, а до првиот квартал во 2027 година се очекува, автопатот Кичево-Охрид целосно да биде завршен.

Со останатите капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои и автопатиштата од коридорот 8 и 10д, во Македонија се случува голем градежен бум, до сега невиден во поновата историја на државата.

Изградбата на овие автопатски артерии е важен чекор во реализација на стратешката визија, Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот.