Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција

– Во првите шест месеци од годинава,  историски рекордна фреквенција е регистрирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во првите шест месеци од годинава,  историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар.

– На овој премин, во периодот јануари – јуни вкупниот проток на патници изнесува 778.702 наспроти 574.737 во истиот период минатата година. Доколку се направи споредба со 2024 бројот е речиси двапати поголем, кога минале 370.827 патници, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Гледано одделно влез/излез оствариле вкупно 189.896 македонски државјани, за разлика од минатата година кога биле регистрирани 142.660, односно 70.518, претходната година. Вкупноот  број на странски државјани е 588.806 наспроти 432.077 минатата, односно 281.780 патници претходната година.

Реклама

Граничниот премин „Блато“, кој е на оддалеченост од четири километри од градот,  е отворен 1993 година, но поради лошата патна инфраструктура на албанска страна протокот беше мал.

Континуирано зголемувањето на протокот на патници и возила почна со пуштањето во употреба на автопатот „Патот на Арбр“(Руга е Арбрит), во ноември 2021 година, со што оддалеченоста од преминот до Тирана до средината на март минатата година изнесуваше 80 километри, што беше намалување на оддалеченоста за стотина километри.

Од средината на март, кога беше пуштен за сообраќај тунелот Муриз оддалеченоста е уште помала, па од Дебар до Тирана сега се стигнува за еден час. 

Македонските граѓани во Албанија патуваат најчесто за одмор, посета на роднини, но и за бизнис. Албанските граѓани, оние од пограничните места, кај нас доаѓаат, главно заради шопинг, посета на роднини, туризам и сезонска работа.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот албански колега, Бесфорт Љамалари, во пограничниот албански град Пешкипеја, во близина на Дебар, на 27 минатиот месец потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија. 

-Договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и помодерно управување со нашата заедничка граница, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите на двете земји, оценија министрите Тошковски и Ламалари по потпишувањето, на кое присуствуваа и директорт на БЈБ, Александар Јанев и генералниот директор на албанската полиција, Скендер Хита.

Според Тошковски, со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово.