Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати денеска оствари работна средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати денеска оствари работна средба со претставници на ИФЕС, на која се разговараше за значењето на соработката со меѓународните организации во поддршка на демократските процеси и институционалниот развој. 

Во текот на средбата, како што информира Кабинетот на Ферати, беа разменети мислења за актуелните предизвици и потреби на Министерството, со посебен акцент на унапредувањето на институционалните капацитети и зајакнувањето на ефикасноста во спроведувањето на неговите надлежности.

-Во таа насока, како министерот Ферати, така и претставниците на ИФЕС, ја изразија подготвеноста за разгледување конкретни можности за соработка во области од заеднички интерес, вклучително и професионалниот развој на вработените и јакнењето на институционалните капацитети. Беше оценето дека континуираната соработка ќе придонесе кон зајакнување на институциите, промовирање на демократските вредности и подобрување на услугите во интерес на граѓаните, наведува Кабинетот на Ферати.