Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Започна внатрешата реконструкција на Спортската сала „Гемиџии“ во Велес

Започнаа градежните подготовки за изведба на повеќе градежни зафати за реконструкција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнаа градежните подготовки за изведба на повеќе градежни зафати за реконструкција на  внатрешноста на Спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Ќе се реконструираат соблекувалните со тоалетите за спортистите, а потоа и тоалетите за публиката, а во втората фаза ќе се направат и тоалети за лицата со посебни потреби. Што е посебно важно целосно ќе се реконструира водоводната и канализациската мрежа и целосно ќе се смени дотраената електрична инсталацијата во објектот, информира Злате Стојковски директор на ЈП „ Парк спорт“ во чиј состав е и спортската сала.

Од Општина Велес информираат дека нaјголем дел од средствата се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит и со посредство на Министерството за спорт, а во дел ќе се финансира и од буџетот на Општина Велес.

Изведувач на работите е велешката Градежна фирма „Изгрев“ и се планира реконструкцијата да заврши за три до четири месеци, во зависнот од многу околности, најавија од Општина Велес. 

Реклама

Инаку спортската сала „Гемиџии“ првично Спортска сала „25 Мај“ беше една од велелепните спортски објекти не само во Македонија, туку и во поранешна Југославија изградена во 1981, а свечено пуштена во употреба во 1982 година. Собира околу 3500 гледачи. Освен кошаркарски, ракометни и одбојкарски натпревари во неа се одржуваа и футсал натпревари, како и многу културни и хуманитарни настани и концерти.

Неодамна во салата целосно беа реконструирани и дигитализирани семафорите за следење на натпреварите.