Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Свет

Заврши пандемиската политика на забрана за влез на мигрантите во САД, на границите е хаос

Белата куќа е загрижена дека сцените како овие би можеле да станат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Белата куќа е загрижена дека сцените како овие би можеле да станат норма на јужната граница со укинувањето на Наредбата 42. Секретарот за домашна безбедност објави ново правило со кое мигрантите кои минуваат нелегално граница, брзо ќе бидат отстранети и нема да имаат право на азил, освен во некои случаи. Оние кои имаат закажано преку специјална апликација ќе можат да побараат азил.

„Ќе подлежат на големи последици за незаконски влез, вклучително и минимална петгодишна забрана за повторно влегување и потенцијално кривично гонење“, вели Алехандро Мајоркас, секретар за внатрешна безбедност.

Бајден вели дека Конгресот треба да направи повеќе.

Реклама

„Побарав од Конгресот повеќе пари за граничната патрола. Тие не го направија тоа. Напротив, го отежнаа“, рече Бајден.

Противниците на Бајден велат дека тој не прави доволно за да ги заштити Американците.

„Политиката на границата на Бајден ја загрозува националната безбедност и ги загрозува сите американски семејства од терористички напад од нелегални жители“, вели републиканецот Џо Вилсон.

Но, застапниците за имиграција велат дека системот на Бајден не е флексибилен.

„Во суштина, новото правило комбинира две забрани за азил и тоа едно од ерата на Трамп што самиот претседател Бајден го осуди во кампањата, а и двете беа укинати како незаконски пред федералниот суд“, вели Мелиса Кроу, Центар за родови и бегалски студии“, додава Мајоркас.

Администрацијата не се согласува.

„Овој претседател (Бајден) го предводеше проширувањето на законски патишта. Ние сме значително различни од претходната администрација“.

И додека во Вашингтон се дебатира, нема знаци дека поделениот Конгрес ќе се согласи за нови политики за решавање на бројот на мигранти кои бараат нов живот во Америка.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон