Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Завршена реконструкцијата на улицата „Индустриска“ во Делчево

Успешно е завршена реконструкцијата на улицата „Индустриска“ во Делчево, еден од позначајните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Успешно е завршена реконструкцијата на улицата „Индустриска“ во Делчево, еден од позначајните инфраструктурни зафати во општината, со кој е обновена делница во должина од 500 метри.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во вкупна вредност од 11.808.566 денари.

– Со изведените активности е обезбедена поквалитетна, побезбедна и современа сообраќајна инфраструктура, која значително ќе ја подобри поврзаноста во индустриската зона, но и условите за секојдневно движење на граѓаните, информираа од Општина Делчево.

Реклама

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека реализацијата на овој проект претставува исполнување на уште едно ветување.

– Ова е потврда дека со визија, партнерство и посветена работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните, додаде Гоцевски.

Од Општината информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон модернизација на локалната патна мрежа, подобрување на квалитетот на животот и создавање подобри услови за економски развој.