Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ЕКСПО 2027 Белград – можност за македонските компании да се претстават на глобалната бизнис-сцена

Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година.

Повикот е наменет за компании што имаат интерес да ги претстават своите производи, услуги, технологии и иновативни решенија пред домашната, регионалната и меѓународната деловна заедница, да воспостават нови деловни партнерства, да ги прошират своите извозни можности и да остварат директни контакти со потенцијални инвеститори, купувачи и институционални партнери.

– Во согласност со правилата на организаторот на ЕКСПО 2027 Белград, пријавувањето и резервирањето на термините за деловните активности ќе се реализираат по принципот прв пријавен – прв потврден. Поради тоа, ги охрабруваме заинтересираните компании своето учество да го пријават навремено, со цел да обезбедат место во програмата и да бидат вклучени во тематските активности што најмногу одговараат на нивниот сектор – велат од канцеларијата на комесарот на Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 по повод утрешната промоција на повикот.

Реклама

Претставувањето на македонските компании ќе биде организирано во согласност со официјалните тематски недели на ЕКСПО 2027, што ќе овозможи целно позиционирање пред релевантни меѓународни деловни публики и учество во секторски и интерсекторски настани.

Пријавувањето се врши електронски преку пополнување на пријавата достапна на: https://macedonianpavilion.com/prijava/, а крајниот рок е 1 септември 2026 година.

Тематски недели на ЕКСПО 2027

– Деловната програма ќе се реализира во рамките на следните тематски недели:

22 – 29 мај 2027 – Play for Resilience: Фармација и медицина, производство, спорт, велнес и бањски туризам, хотелиерство, храна и пијалаци, туризам, технологија.

5 – 12 јуни 2027 – Play for Sustainable Future: Енергетика, инвестиции, синџири на снабдување, биопроизводство на вино, одржлива храна, обновливи извори на енергија.

19 – 26 јуни 2027 – Play for Innovators: Вештачка интелигенција, електрични, хибридни и автономни возила, логистика, информатичко-комуникациски технологии, хардвер и софтвер, развој на производи, аутсорсинг, стартап-компании, ризичен капитал, инвестиции.

3 – 10 јули 2027 – Play for Visionaries: Туристички дестинации, забавна индустрија, музичка индустрија, продукција, издаваштво, извоз.

17 – 24 јули 2027 – Play for an Active Society: Земјоделство, енергетика, текстилна индустрија, спорт, музика, женско претприемништво, човечки капитал, развојни фондови.

7 – 14 август 2027 – Play for Peace: Спортски настани, управување со електронски отпад, развој на таленти, уметност, занаетчиство, трговија, деловна програма.

Во рамките на ЕКСПО 2027 деловната програма компаниите ќе имаат можност да иницираат и да учествуваат во: секторски и тематски конференции, тркалезни маси и панел-дискусии, инвестициски форуми и роуд-шоу презентации, B2B и B2G-деловни средби, меѓународни панел-дискусии со претставници од Македонија, презентации на производи, услуги и иновативни решенија, како и во организирано деловно вмрежување со компании, институции, инвеститори и стопански комори од целиот свет.

– Учеството во деловната програма на ЕКСПО 2027 Белград претставува значајна можност за македонските компании да ја зајакнат својата меѓународна видливост, да ги промовираат своите производи и услуги, да воспостават нови деловни партнерства и да отворат можности за нови инвестиции и извоз на глобалните пазари. Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград се реализира со поддршка на Генералниот секретаријат на Владата, во партнерство со Сојузот на стопанските комори, со цел да се обезбеди силно и координирано претставување на македонската економија и бизнис-заедница на една од најзначајните меѓународни изложби – наведуваат од канцеларијата.