Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Д-р Ристески: Пиењето вода со фекалии доведува до последици врз цревниот микробиом, нарушен имунитет и ризик од автоимуни и метаболички заболувања

Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот фејсбук профил Милан Ристески, онколог во Клиничката болница Жан Митрев.

Штетните долгорочни последици, како што посочува, вклучуваат хронично воспаление и синдром на пропустливи црева, долготрајни дигестивни проблеми како синдром на иритабилно дебело црево (IBS) и хронична дијареа, колонизација со супербактерии отпорни на антибиотици преку внесување на резистентни гени од отпадните води, нарушен имунитет и зголемен ризик од автоимуни и метаболички заболувања и влијание врз менталното здравје преку оската црева-мозок поради намалено производство на невротрансмитери.

Дали е некој свесен за овие потенцијални долгорочни здравствени проблеми на Гостиварчани? Колкав е финансискиот импакт?, прашува доктор Ристески.

Реклама