Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Директорот на ЦУК, Али се сретна со директорот на Општата болница во Гостивар, Бајрами

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али се сретна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али се сретна со директорот на Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, д-р Емри Бајрами.

На средбата се разговараше за актуелната состојба во Гостивар по појавата на случаи на заразени граѓани, како и за преземените мерки, координацијата меѓу надлежните институции и понатамошните активности за ефикасно справување со состојбата по прогласувањето на кризна состојба, соопштија од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Али ја изрази целосната поддршка на Центарот за управување со кризи кон Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ и кон сите институции вклучени во справувањето со оваа состојба. Тој истакна дека ЦУК останува во постојана координација со надлежните институции и е подготвен да ги стави на располагање своите капацитети за навремена реакција и потребна поддршка.

Реклама

Директорот на болницата, д-р Бајрами информираше за тековната состојба, активностите преземени од здравствениот персонал, третманот на пациентите и потребите за понатамошно справување со состојбата.

На крајот од средбата е потврдена заедничката определба за продолжување на тесната соработка и координација меѓу ЦУК и здравствените институции, со цел брза и ефикасна реакција, заштита на здравјето на граѓаните и успешно справување со предизвиците во Гостиварскиот регион, информираа од ЦУК.