Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Директорот на Музејот на Македонија, Александар Ристевски во посета на Општина Пустец

Директорот на Музејот на Македонија, Александар Ристевски и претседателот на македонското друштво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Музејот на Македонија, Александар Ристевски и претседателот на македонското друштво „Преспа“ Едмонд Темелко  денеска беа во посета на Македонците во Општина Пустец. 
 
Според Темелко, реализирале „низа  значајни активности меѓу нашиот народ во Мала Преспа, Република Албанија“,  место каде македонскиот идентитет, јазик и традиција се чуваат со длабока љубов и непокор.


 -Во  Пустец во училиштето „Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиевски“ се сретнавме со директорот Трајан Вангеловски, на кого му врачивме донација на книги за учениците. Чувањето на македонскиот јазик и пишаниот збор кај младите генерации е наша најсвета должност, објави Темелко. 
 
Додаде дека во село Глобочани го посетиле Музејот посветен на големиот писател Стерјо Спасе — вечен потсетник за богатата македонска култура и историја на овие простори.


– Во село Туминец со длабок пиетет се поклонивме пред Споменикот на борците, оддавајќи им должна чест на сите херои кои се бореа за идеалот и слободата. Денот го заокруживме со посета на манастирот „Св. Марина“,  во истото село,  кој го одбележува својот патрон, и се помоливме за здравје, духовен мир, зачувување на верата и подобра иднина за сите Македонци во Албанија, наведува Темелко во објава на Фејсбук.

Реклама

Посочува дека Македонците во Албанија се неизбришлив дел од историјата, сегашноста и иднината, нагласувајќи дека „заедно продолжуваме да ги градиме мостовите на културата, образованието и духовното единство – македонското име дух живеат во Мала Преспа“.