Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Директорот Гоце Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании

Директорот Гоце Димовски денес оствари  посета на ТИРЗ Штип, при што беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот Гоце Димовски денес оствари  посета на ТИРЗ Штип, при што беа реализирани работни средби со менаџментот на компаниите Адиент, Кондево и Техникал Текстајлс. За време на посетата беа разгледани тековните активности на компаниите, нивните развојни планови, како и можностите за понатамошно унапредување на деловното опкружување и условите за работа во рамки на зоната. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуираната комуникација помеѓу институциите и инвеститорите, со цел навремено адресирање на сите предизвици и создавање услови за нови инвестиции, технолошки развој и отворање нови работни места.

Директорот Димовски ја истакна посветеноста на Владата кон обезбедување стабилна и предвидлива деловна средина, нагласувајќи дека директната комуникација со компаниите претставува клучен елемент во креирањето политики кои ќе придонесат за натамошен економски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Тој посочи дека покрај привлекувањето нови инвеститори, Дирекцијата останува целосно посветена на поддршката на постојните компании, преку навремено препознавање и надминување на предизвиците со кои се соочуваат.

Од страна на менаџментот на компаниите беа презентирани тековните активности, остварените резултати и плановите за понатамошен развој и инвестиции. Воедно, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, како и подготвеност истата да продолжи и дополнително да се интензивира во наредниот период.

Реклама

Во рамки на посетата беше реализирана и обиколка на производствените капацитети на компаниите. Посетата претставува дел од континуираните активности на Дирекцијата за ТИРЗ насочени кон одржување редовна комуникација со инвеститорите, унапредување на деловната клима и создавање поволни услови за понатамошен  развој, нови инвестиции и отворање квалитетни работни места.