Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Димитриеска – Кочоска на средба со Варнс за економските приоритети, реформите и натамошна соработка меѓу државата и САД

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска попладнево преку Фејсбук информираше дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска попладнево преку Фејсбук информираше дека денеска имала средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД, на која разговарале за економските приоритети, реформите и можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

– Ја истакнав нашата посветеност на стабилни и одржливи јавни финансии, одговорно управување со средствата на граѓаните, како и на политики кои создаваат услови за економски раст, инвестиции и подобра деловна клима. Благодарност за континуираната поддршка од САД, особено преку соработката со Трезорот на САД, која е важна за јакнење на капацитетите на институциите и унапредување на процесите во Министерството за финансии. Продолжуваме со посветена работа на реформи, силни институции и економски политики што носат резултати за граѓаните – пишува во објавата на Фејсбук.