Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ДЗР: Недостатоците во регулативата, недоволни  човечки ресурси и недоволно преземени активности го ограничуваат фискалниот капацитет на ЕЛС

Недостатоците во законската регулатива, недоволните човечки ресурси и слабиот фискален напор значително…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостатоците во законската регулатива, недоволните човечки ресурси и слабиот фискален напор значително го ограничуваат фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот 2020–2024 година.

Ревизијата, изработена во рамки на Годишната програма за работа за 2025 година, ја анализирала ефикасноста на мерките и политиките за администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци. Заклучокот е дека постојните мерките и политиките на надлежните органи и ЕЛС не обезбедуваат ефикасно администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци.

Според наодите, во периодот 2020–2024 година општините акумулирале 2,93 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, додека отпишале побарувања во вредност од 233,9 милиони денари. Најголем дел од ненаплатените средства се од данок на имот – 1,73 милијарди денари, од кои 67 проценти се постари од пет години, што, според ревизорите, укажува на слаб фискален напор.

Реклама

ДЗР констатира дека постојната законска рамка има сериозни слабости. Регистарот на недвижен имот не се ажурира по службена должност, роковите за плаќање на даночните решенија не се прецизно утврдени, не е регулирана нивната достава, а постојат и ограничувања за ревизија на пазарната вредност на имотот.

Дополнителен проблем претставува застарената методологија за проценка на вредноста на објектите, која не ги опфаќа новите видови градби и материјали, а користи цени што не ја одразуваат реалната пазарна вредност. Само 15 општини спровеле ревизија на пазарната вредност на имотот, што создава нееднаква примена на прописите.

Ревизијата утврдува и сериозни слабости во администрирањето на комуналните такси. Во многу случаи тие се наплатуваат без издадени решенија и без воспоставен регистар на обврзници. Само три од осумте законски предвидени комунални такси се администрираат во повеќе од половина од општините.

Недоволните кадровски капацитети, различните и неповрзани софтверски решенија, нецелосните регистри и недостигот на проценители дополнително го отежнуваат управувањето со локалните приходи. Софтверите што ги користат најголем дел од општините не овозможуваат прецизно следење на наплатата по години, што ја намалува ефикасноста на финансиското управување.

Во делот на надоместокот за уредување на градежното земјиште, ревизијата покажува дека 14 општини акумулирале ненаплатени побарувања од 826,4 милиони денари, поради различни практики при одобрување на плаќање на рати и несоодветно обезбедување на побарувањата.

Анализата покажува дека руралните општини, со исклучок на Петровец, Илинден и Чучер Сандево, имаат значително послаб фискален капацитет во споредба со урбаните општини.

Ревизорите предупредуваат и на недоволен инспекциски надзор. Во целата држава има само еден инспектор од Управата за јавни приходи задолжен за оваа област и 16 даночни инспектори во општините, кои немаат овластување да изрекуваат глоби.

Државниот завод за ревизија препорачува законски измени, подобрување на регистрите, модернизација на методологиите, зајакнување на административните капацитети и поефикасна координација меѓу институциите, со цел да се подобри наплатата на локалните даноци, такси и надоместоци и да се зајакне финансиската одржливост на општините.