Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Економија

Град Скопје незаинтерсиран за снабдувањето со парно на граѓаните на Скопје?

Каде заглави дозволата за поставување на нови топловодни цевки на мостот „…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде заглави дозволата за поставување на нови топловодни цевки на мостот „ Беласица“ ?  Грејната сезона е на прагот , а ЕСМ и Град Скопје ја продолжуваат пинг – понг ирата .  Од државните електрани  и денеска  одговорија дека новите цевки се однесени на локацијата , и се подготвени да ги монтираат , ама ја немаат потребната дозвола од град Скопје . Од таму тврдат дека грејната сезона ќе стартува навреме и градот непречено ќе биде снабден со парно греење .

АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок. Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија, велат од ЕСМ .

Реклама

Првиот регулатор предупреди дека ако не се врати цевководот на мостот „ Беласица “ ќе има сериозен проблем со произведената количина од ТЕ – ТО , која е три пати пониска отколку цените на топланите Исток и Запад .  Односно ако регулаторна сега ја направи пресметката за новата цена без ТЕ ТО, скопјани ќе добијат ценовно цунами на сметките за парно , и затоа ќе остане старата цена на парото додека не завршат градежните работи .

 Но, ваквите сериозни предупредувања,  изгледа не ја загрижуваат премногу градоначалничката  . Ни денеска нема одговор од нејзиниот кабинет што се случува со замената на цевките , кога ќе ја издадат дозволата и зошто до сега не е издадена .

Мостот Беласица беше затворен за сообраќај речиси 4 месеци , по што ги отворија двете крајни ленти , а средишниот дел остана затворен бидејќи како што посочија од Град Скопје , ЕСМ требало да ги замени цевките. 

Инаку ,  на системот за парно греење  во Скопје се приклучени 63.000 домаќинства. Од нив најмногу 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 на железарското парно и 400 домаќинства на Топлификација Север.

Кристина Алексиеска