Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Tоп

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Епидемијата во Гостивар се смирува, но надзорот продолжува.Иако бројот на нови пациенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епидемијата во Гостивар се смирува, но надзорот продолжува.Иако бројот на нови пациенти постепено опаѓа, здравствените власти предупредуваат дека сега следува нов ризик – појава на секундарни инфекции, меѓу кои хепатит А, хепатит Е и други цревни заболувања. Министерството за здравство прогласува пост-акутна фаза и го префрла фокусот на спречување на нов бран заболувања. До матичните лекари, болниците и Центарот за јавно здравје веќе се испраќаат нови упатства за засилен надзор и навремено откривање на сомнителни случаи.

„Во врска со тој засилен здравствен надзор ќе бидат испратени соодветни упатства до Центарот за јавно здравје, до здравствените установи, до матичните лекари, а ќе бидат дадени насоки за комуникација со населението. Клучно е да има рано препознавање за да можеме да реагираме соодветно, а здравствените установи се веќе подготвени во смисла на капацитет на тестирање на третман“,кажа Клековски.

Во однос на најважното прашање- кога гостиварци ќе добијат исправна вода за пиење, здравствените власти велат дека само три чисти резултати по ред ќе бидат гаранција за граѓаните во Гостивар повторно да можат безбедно да ја користат водата за пиење.

Реклама

Паралелно, надлежните започнуваат и детална истрага за целиот тек на кризата во Гостивар. Ќе се анализира секоја пријава за ентероколит од почетокот на јуни, за да се утврди кога точно започнала епидемијата, како се ширела и дали институциите реагирале навреме.Според анализите, во последното деноноќие, 109 пацинети се јавиле на преглед.Во последните четири дена дневниот број на прегледи се движи меѓу 80 и 125 пациенти, но се уште не може со сигурност да се каже колку од нив се директна последица на епидемијата, а колку се вообичаени летни заболувања.