Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Гаши се сретна претседателката на Индија, Мурму

Собранието беше домаќин на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Ова е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието беше домаќин на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Ова е прва посета на претседател на Република Индија на Македонија, што претставува значаен момент во развојот на односите и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји. 

Во рамките на посетата на Собранието, претседателката Мурму беше пречекана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кого одржа тет-а-тет средба. По средбата, таа се потпиша во Книгата на впечатоци на Собранието, каде што изрази благодарност за гостопримството и ги истакна историските, културните и пријателските врски меѓу двата народа, соопштија од собраниската прес-служба.

Меѓу другото, претседателката Друпади Мурму им се обрати на пратениците и на граѓаните на пленарна седница на Собранието. Во своето обраќање таа нагласи дека демократијата е вредноста што ги обединува Индија и Северна Македонија, додека парламентите се чувари на слободите на граѓаните и огледало на националната совест.

Реклама

Говорејќи за односите меѓу Индија и Северна Македонија, таа истакна: „Ние не ја сметаме Северна Македонија за далечна земја, туку за важен столб во градењето одржлива, мултиполарна и просперитетна глобална иднина.“

Таа говореше и за историските и културните врски меѓу двата народа, посебно истакнувајќи ја личноста на Мајка Тереза, „најпознатата ќерка на Скопје“, која ја нарекуваше Индија свој дом. Претседателката Мурму најави дека за време на својата посета ќе ѝ оддаде почит на Мајка Тереза, а истовремено истакна дека на народот на Република Северна Македонија ќе му подари биста на Махатма Ганди, нагласувајќи дека неговите идеали се вредности што ги обединуваат сите.

Таа ја потенцираше важноста на парламентарната дипломатија, зајакнувањето на контактите меѓу двете земји и зголемувањето на учеството на жените во демократскиот живот.

Осврнувајќи се на древната индиска филозофија „Целиот свет е едно семејство“, претседателката Мурму ја нагласи потребата од градење мостови на соработка и меѓусебно разбирање во време кога светот се соочува со бројни предизвици и поделби.