Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВРЕДИ: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Два дена по ред, Париз беше центарот на европските дипломатски случувања. Не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два дена по ред, Париз беше центарот на европските дипломатски случувања. Не случајно. По повод 14 Јули, Националниот ден на Франција, претседателот Емануел Макрон во француската престолнина собра десетици високи европски државници, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Македонија на овој исклучително значаен настан ја претставуваше првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

На покана на претседателот Макрон, првиот заменик-претседател на Владата учествуваше на состанокот на Коалицијата на подготвените, на официјалната вечера во Елисејската палата, како и на свеченостите по повод 14 Јули, кои кулминираа со величествената воена парада на Шанзелизе.

Во текот на два дена, Париз беше местото каде што се разговараше за безбедноста и иднината на Европа.  Фактот што Македонија беше претставена од првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, сведочи за сѐ поактивната улога на нашата држава во важните меѓународни процеси и ја зајакнува нејзината позиција на европската сцена.