Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Во Штип градежни активности во неколку населби, комплетно реконструирана улицата „Питу Гули“

Завршува целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“ во Штип. Градоначалникот на општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршува целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој попладнево изврши увид во градежните активности, истакна дека на оваа улица сменета е подземната инфраструктура. Тој денеска најави дека следните денови ќе има градежни активности и на улицата „Борис Кидрич“ во централниот дел на градот, а исто така, ќе се асфалтираат и делови од новата обиколница во Штип. 

-Моментално се наоѓаме на улицата „Питу Гули“ на која во последните неколку денови, недели, се работи на комплетна реконструкција. Впрочем, сите улици кои ги работиме, темелно ги реконструираме, со претходна промена на подземната инфраструктура. А денес, ова кое што се случува, се финализираат активностите поврзани со реконструкцијата на оваа улица и со ова комплетно ја завршуваме улица „Питу Гули“ -вели Јорданов.

Тој посочи дека денеска и утре ќе се работи и на улицата „Христијан Карпош“ во истата населба Бело Брдо. Јорданов истакна дека интензивни градежни активности за реконструкција на улиците имаат во овој период од годината, бидејќи на сообраќајниците има помала фреквенција од возила и пешаци. Апелираше граѓаните да бидат трпеливи при изменет режим на сообраќај. 

Реклама

​-Морам да потенцирам дека она кое што ќе ги интересира граѓаните и за кое што треба да бидат информирани е дека во текот на наредните денови ќе има активности на една од најпрометните улици, а тоа е улицата „Борис Кидрич“. Оваа учица во наредните денови ќе биде зафатена со комплетна промена на подземната инфраструктура – промена на водовод, канализација, третирање на тротоари, а во подоцнежна фаза и асфалтирање. Затоа што станува збор за една прометна улица, го одбравме периодот во годината кога има најмалку сообраќај и верувам дека граѓаните ќе се адаптираат на постоечките градежни активности на општина Штип. Ги замолуваме за разбирање затоа што за доброто на сите е сето ова што се прави-подвлече Јорданов.

​Тој додаде дека после долги години, конечно Општината наоѓа начин како да ја обнови оваа дотраени и амортизирани улица во централното градско подрачје.

-Ако поминете по неа, целата е амортизирана, со чести дефекти на водоводната линија, проблеми на тамошните жители, така што привремено ќе биде затворена за сообраќај додека се одвиваат активностите на неа. ​Во текот на следните денови, викендов, исто така ќе се работи и на обиколницата каде ќе се нанесува асфалтна маса на оној дел кој е подготвен за асфалтирање-изјави Јорданов. 

Градоначалникот на Штип, Јорданов истакна  дека  продолжуваат активностите, кои ги преземааат на дневна основа и смета оти со една засилена динамика во наредните три години, Штип комплетно ќе го промени визуелниот изглед.