Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Во посета на Пустец Жил Кител, претставник на Европската комисија во Генералниот директорат за регионална и урбана политика

Во посета на Општина Пустец денеска престојуваше  Жил Кител, претставник на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во посета на Општина Пустец денеска престојуваше  Жил Кител, претставник на Европската комисија во Генералниот директорат за регионална и урбана политика (DG REGIO), раководител на тимот за Инструментот за претпристапна помош (IPA), преговорите за проширување на Европската Унија и Јадранско-јонската макрорегионална стратегија (EUSAIR). 
 
– Посетата е по серијата состаноци и комуникации одржани претходно, каде што Кител позитивно одговори на нашата покана да го посети регионот на Преспа. Тој беше придружуван од Роберта Таларико, советник во Европската комисија / DG REGIO, како и  Марија Галевска, раководител на проекти во Европската комисија, објави Општина Пустец. 
 
На средбата  присуствуваа и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, генералниот секретар на општина Преспа од Грција, Михалис Петракос, како и претставник на општина Девол, со која имаат континуирана соработка и заеднички проекти во функција на развојот на регионот Преспа.

За време на посетата, високиот гостин имал можност да се запознае со извонредниот туристички, културен и природен потенцијал на ова подрачје, како и со предизвиците и можностите што ги претставува одржливиот развој на овој регион. 
 
-Во разговорите што се водеа со нашите колеги од Грција и од Македонија, беше нагласена важноста од зајакнување на регионалната соработка, развојот на одржливиот туризам, заштитата на животната средина, зелените инвестиции и улогата што нашите општини можат да ја играат во рамките на европските програми и стратегии за Западен Балкан, наведуваат од општината. 


 
Оценуваат дека оваа посета претставува исклучителна можност за промоција на Преспа и зајакнување на врските со европските институции, отворајќи го патот за нови иницијативи и проекти што ќе придонесат за економскиот, социјалниот и туристичкиот развој на регионот. 
 
Посочуваат дека Преспа останува пример за прекугранична соработка и територија со голем потенцијал за развој, која ќе продолжиме да ја промовираме со посветеност на секое ниво.