Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Во Охрид Третото издание на платформата „Гласот на вечноста“, на тема „Македонија – духовната порта на христијанството во Европа“

Третото издание на платформата за јавен интелектуален дијалог „Гласот на вечноста“, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Третото издание на платформата за јавен интелектуален дијалог „Гласот на вечноста“, на тема „Македонија – духовната порта на христијанството во Европа“ ќе се одржи денеска во Центарот за култура во Охрид во организација на Глобалната македонска фондација ВЕЧНА (ГМФВ).

Настанот, како што најавува организаторот, претставува дел од долгорочната стратешка иницијатива Vision Eternal 2035, чија цел е преку наука, култура, духовност и меѓународна соработка да придонесе кон афирмацијата и зачувувањето на македонското културно и духовно наследство.

-Во време кога историското наследство, културниот идентитет и духовната традиција добиваат сè поголемо значење во јавниот простор, „Гласот на вечноста“ создава академска и јавна платформа за аргументиран дијалог заснован на научни истражувања, историски извори и културна меморија – се вели во најавата.

Реклама

Од 17:30 часот, пред почетокот на официјалната програма, ќе се одржи Welcome & Networking Reception, организиран во соработка со Шведско-македонската стопанска комора (SMCC). Приемот, се наведува во најавата, има цел да поттикне нови контакти и соработка меѓу претставници на академската заедница, институциите, бизнис-заедницата, културниот сектор, граѓанските организации и дијаспората.

Официјална програма почнува во 18:30 часот, а настанот ќе го отвори Мирчо Крстески, претседател на Глобалната македонска фондација ВЕЧНА, додека програмата ќе ја модерира: м-р Марко Видачек, амбасадор на ГМФВ.

Поздравни обраќања ќе има поранешниот претседател, проф. д-р Ѓорге Иванов.

Во делот на академските предавања проф. д-р Ратомир Грозданоски, од Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, кој ќе одржи предавање на тема „Апостол Павле и Македонија – почеток на христијанството во Европа (библиска вистина)“.

Проф. д-р Александар Атанасовски од Филозофски факултет – УКИМ ќе одржи предавање на тема „Улогата на Македонија во ширењето на христијанството во IX и X век“, додека отец Оливер Новески од Берлин ќе одржи предавање на тема „Духовната мисија на Македонија во ширењето на христијанството – од Свети Фотиј до денес“.

Настанот ќе биде збогатен со културна програма во која ќе настапат проф. д-р Тихомир Стојановски, доц. д-р Стојанче Костов, Ансамбл „Св. Јоаникиј Ракотински“, а ќе има и специјална видео-презентација на Никола Ристевски.