Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Во Охрид од 21 јули до 13 август 21 претстава во рамки на осмото издание на фестивалот „Summer Comedy Marathon 2026“

Со 21 стендап-претстава на седум атрактивни сцени во Охрид и Струга, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 21 стендап-претстава на седум атрактивни сцени во Охрид и Струга, од 21 јули до 13 август ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Summer Comedy Marathon 2026“.

Фестивалот ќе биде отворен на 21 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со настапот на австралискиот стендап-комичар Амос Гил, кој живее и работи во САД, а ќе настапи со шоуто „The Pale, Stale, Straight White Male“ на англиски јазик. По програмата до 30 јули ќе следува тридневна пауза за Илинденските празници, по што фестивалот продолжува од 4 до 13 август.

Организаторите на денешната прес-конференција информираа дека годинава фестивалот ќе се одвива на досега најголем број локации – „Куба Либре“, „Џез Ин“, бродот „Армада“, винаријата „Monastery Winery“ во Опеница, „Cinema Food & Bar“ во Струга, Центарот за култура во Охрид и стадионот „Билјанини Извори“, каде што ќе се одржи завршното шоу.

Реклама

Во програмата се вклучени домашни и странски стендап-комичари со тематски вечери, меѓу кои „Best of“, „Comedy Jam“, „Црн хумор“ и „Sex Show“. Организаторите најавија и „Open Mic“ вечер на 12 август, наменета за сите кои сакаат да се обидат како стендап-комичари.

Финалето на фестивалот е закажано за 13 август на стадионот „Билјанини Извори“ со шоуто „Опстанок“, со кое ќе биде одбележан и јубилејот – 15 години стендап-кариера на Никола Тодороски. На завршната вечер ќе настапат и Тино и Атанас, како и Никола Сиљаноски.

Целосната програма и информациите за билетите се достапни на веб-страницата на фестивалот.