Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Свет

Во Кина со недели врне пороен дожд: Можни се геолошки катастрофи

Кинеските метеоролози денеска предупредија неколку кинески провинции да очекуваат лизгање на земјиштето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кинеските метеоролози денеска предупредија неколку кинески провинции да очекуваат лизгање на земјиштето и поплави во следните два дена, додека обилните врнежи паѓаат со недели.

Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани во северозападната провинција Хунан во текот на викендот, бидејќи обилните дождови паднаа во окрузите Сангџи, Шимен и Јонгшун и градот Жанџијаџи, објавија државните медиуми.

Сангџи го забележа најобилниот дожд во годината, со максимална количина која викендов достигна 256 mm, според државната кинеска централна телевизија. Тоа беа најобилните врнежи во Сангџи од 1998 година, пренесува CCTV.

Реклама

Кина со недели е погодена од дождови и поплави. На крајот на јули, бурите предизвикани од тајфунот Докусри предизвикаа обилни дождови што ја погодија Кина во последните десет години, а Пекинг го доживеа најобилниот дожд во последните 140 години.

Кинеската Влада повика на дополнителни мерки на претпазливост од поплавите бидејќи тајфунот Саола сега се пробива низ Јужното Кинеско Море, а прогнозите се очекуваат тој да стигне до провинцијата Гуангдонг веќе овој петок. 

Кинескиот национален штаб за контрола на поплави и помош од суша и Министерството за вонредни состојби одржаа видео конференција минатиот викенд, предупредувајќи дека обилните врнежи во многу делови од земјата може да предизвикаат геолошки катастрофи, вклучително и планински поплави и поплави во некои мали и средни реки, објави државната новинска агенција.