Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Свет

Во Грција бесенат пожарите, евакуирани над 1000 деца од летен камп

Пожарникарите во Грција втор ден продолжуваат да се борат со огнот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарникарите во Грција втор ден продолжуваат да се борат со огнот на четири фронта, а повеќе од илјада деца се евакуирани од летен камп, бидејќи пожарите кои избувнаа вчера во источна Атика се уште траат.

Најтешка е ситуацијата во Дервенорија, каде што непристапниот терен со засилен ветер и екстремните временски услови кои се очекуваат и денеска не дозволуваат ограничување на фронтот, бидејќи станува збор за густа шума која го поттикнува ширењето на пожарот, информираат грчките медиуми.

Десетици луѓе мораа да ги напуштат своите домови во пошироката област со помош на екипи за итни случаи, а грчката влада соопшти дека оние чии домови беа погодени од пожарите имаат право на сместување во локални хотели и подоцна ќе бидат обесштетени.

Реклама

Пожарите го загрозија сообраќајот во некои области, а полицијата беше принудена да затвори делови од националниот автопат Атина-Коринт.