Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Во Битола отворена изложба „Допри ја традицијата“ од авторот Благој Мицевски

Костимографот од битолскито театар Благој Мицевски, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Костимографот од битолскито театар Благој Мицевски, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ промовира авторска изложба на тема „Допри ја традицијата“ која содржи рачно плетени материјали и стаклени садови кои некогаш се користеле во домовите.

Во изјава за медиумите, авторот Мицевски посочи дека со изложбата ги истражува новите тенденции за рециклирање или трансформација на производи од текстил, а со цел ако што рече, да им дадеме нов живот, нова употребна вредност или уметничка вредност. 

-Делата се поделени во неколку фази, има неколку таписерии, материјали со кои најмногу сум се среќавал во театарот, но и со традиционална облека за што сум благодарен на режисерот Владо Цветановски со кого сум направил многу претстави во кои фолклорот и традицијата беа во основата на тоа што го работевме. Со изложбата потсетувам на некои традиционални начини кои потсетуваат на чергите, милиња, везени и платнени материјали за кои е вложен голем труд и кои не треба да се кријат, туку напротив со нив да се гордееме. Најголем дел од материјалите се домашни, има и од театарот и со цел да добијат нова вредност. Мислам дека во иднина со учениците од средното текстилно училиште и со локални уметници ќе направиме поголема изложба, посочи Мицевски и додаде дека предметите и изложеното немаат поединечни наслови затоа што се што правиме е наш автопортрет или автобиографија и во таа смисла може да се толкува оваа изложба, нагласи Мицевски, костимограф и автор на изложбата.

Реклама

Изложбата за отворена ја прогласи Наде Геневска Брачиќ, кустос во НУ Завод и Музеј Битола.