Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Во август оглас за избор на шеф на ОЈО ГОКК, Советот избра тројца раководители на обвинителства

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за објавување оглас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој во согласност со законскиот рок ќе биде распишан во август, односно 90 дена пред истекот на мандатот на актуелниот шеф на Обвинителството.

Членовите на Советот го избраа Зоран Марковски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Крива Паланка.

На седницата беа донесени и одлуки за определување раководители на три основни јавни обвинителства. За раководител на Основното јавно обвинителство Берово е избрана Сузана Бошњаковска, за раководител на Основното јавно обвинителство Свети Николе е избран Дарко Цветаноски, а Едмонд Шериф е избран за раководител на Основното јавно обвинителство Ресен.

Реклама

Советот ја усвои и одлуката за утврдување на бројот на јавни обвинители во јавните обвинителства во државата за наредниот петгодишен период. Според податоците презентирани на седницата, систематизацијата предвидува 261 јавнообвинителско место, а во моментот функцијата ја извршуваат 194 јавни обвинители.

Во согласност со направените проекции и анализи на потребите на јавнообвинителската мрежа, во следните пет години е предвидено пополнување на уште 106 обвинителски позиции, со цел надминување на кадровскиот дефицит и поефикасно функционирање на обвинителствата во државата.