Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот

Залудни се хистеричните обиди на СДСM за креирање страв, паника и неизвесност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Залудни се хистеричните обиди на СДСM за креирање страв, паника и неизвесност кај граѓаните. Прес-конференциите на СДСM за создавање хистерија за наводни ценовни шокови, скапотија, банкрот на државата веќе никој не ги слуша, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Две години по ред викаат дека државата е во финансиски колапс и само што не банкротирала, но еве две години по ред Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како се консолидира економијата со континуиран раст на БДП од 3 или над 3%.

Вистината е дека СДСM се тие што ја оставија државата на раб на банкрот, со ограбени институции и осиромашени граѓани кои за време на седумгодишното владеење ја плаќаа нивната неспособност со рекордна двоцифрена инфлација.

Реклама

Оттука се поочигледно е дека СДСM не можат да се помират со сегашните економски резултати и преземени мерки во време на енергетска криза кои цените ги држат под контрола, енергенсите со најниска цена од земјите во регионот, а инфлацијата на ниво од 3,4%.

Ако СДСM сака да зборува за економија, цени и инфлација, добро е да зборува со бројки кои најдобро опишуваат како живеат граѓаните сега, а како до пред две години кога скапотијата рушење европски рекорди.