Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите 

СДСМ и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси. СДСМ и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и претставува дел од реформските обврски на Македонија.

Наместо конструктивност, СДСМ и Левица избраа политички театар, свесни дека секое одложување значи штета за државата и за европскиот реформски процес.

Реклама

Ако навистина СДСМ и Левица имаат суштински забелешки, нека ги предложат. Никој не бега од аргументирана дебата. Но десетици илјади амандмани не се обид за подобрување на закон, туку класична парламентарна опструкција.

Позиција на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Подготвени сме да разговараме за сите предлози кои придонесуваат за подобар изборен процес. Истовремено, остануваме цврсти на определбата македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори, затоа што секој македонски граѓанин, без разлика каде живее, заслужува полесно да го оствари своето демократско право.

Очигледно е дека стравот од изборен пораз ги обедини СДСМ и Левица повеќе отколку која било политичка идеја. Наместо да понудат визија, тие нудат блокади. Наместо реформи, произведуваат кризи.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политички калкулации да бидат над интересите на државата. Реформите ќе продолжат, институциите ќе функционираат, а граѓаните сами ќе дадат оценка кој работи за Македонија, а кој работи само за дневнополитички спас.