Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

ВМРО – ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, имаат убедливо најголема доверба кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО – ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, имаат убедливо најголема доверба кај граѓаните –  покажува анкетата на МКД.мк спроведена од Маркет вижн. На прашањето „За која политичка партија ќе гласате на следните избори?“, ВМРО – ДПМНЕ има голема предност во однос на останатите политички партии. Истражувањето покажува и континуиран раст на поддршката за коалицијата ВЛЕН. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5% од испитаниците, или три ипол пати повеќе од оние кои би го дале гласот на СДСМ. 

ЗА КОЈА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЌЕ ГЛАСАТЕ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ?

ВМРО – ДПМНЕ – 20,5%            ЗНАМ – 1,5%

Реклама

СДСМ – 6,2%                               ДУИ – 5,0%

ЛЕВИЦА – 2,9%                          ВЛЕН – 4,4%

Во однос на довербата во лидерите на политичките партии, и по две години на власт премиерот Христијан Мицкоски останува во убедливо водство. Рејтингот на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од четири пати поголем од оној на Венко Филипче. Во Мицкоски доверба имаат 23,3% од испитаниците, а за Филипче само 5,1%. Претседателите на ВЛЕН, покажуваат брз напредок и заедно имаат поголем рејтинг од опозицискиот лидер Али Ахмети.

ВО КОЈ ЛИДЕР НА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ИМАТЕ НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА?

Христијан Мицкоски – 23,3%                    Изет Меџити – 4,1%

Али Ахмети – 5,5%                                     Димитар Апасиев – 4,0%

Венко Филипче – 5,1%                               Билал Касами – 2,5%

Економските прашања остануваат најголема грижа за граѓаните. Невработеноста, растот на цените, платите и пензиите остануват најголем проблем, а веднаш зад нив се корупцијата и криминалот. Истражувањето јасно го покажува незадоволството од работата на Јавното обвинителство – 35,1% од граѓаните сметаат дека нема никаква разлика во работата од претходниот обвинител, а 14, 7% оценуваат дека обвинителтвото работи полошо од претходно. За можен влез на Македонија во ЕУ со членство без право на вето, дури 80,3% одговориле потврдно.

Исражувањето е спроведено на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативено според пол, возраст, регион и етничка припадност. Резултатите покажуваат дека довербата во правосудниот систем и натаму е ниска и покрај јасно изразените политички трендови во пресрет на следните избори.