Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСМ, ДУИ и Таравари ги штитат своите кадри, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за Гостивар

Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДСМ, ДУИ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДСМ, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани.

За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат одговори на граѓаните кои со право бараат како дошло до ваква состојба и зошто институциите не реагирале навреме.

Реклама

Јасно е дека кога станува збор за нивните функционери, СДСМ, ДУИ и Таравари применуваат двојни аршини, едни критериуми за политичките противници, а сосема други за сопствените кадри. Таквиот пристап ја поткопува довербата на граѓаните во институциите и испраќа порака дека партиската припадност е поважна од одговорноста.

Додека локалната власт доцнеше со реакција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни активности за справување со состојбата и заштита на јавниот интерес.

Граѓаните имаат право да очекуваат целосно расчистување на случајот, утврдување на евентуална одговорност и преземање мерки за вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Никој не смее да биде заштитен или привилегиран поради политичка припадност.

Граѓаните очекуваат одговорност, транспарентност и навремена реакција, а не политички изговори и селективни критериуми.

Време е СДСМ, ДУИ и Таравари да престанат да ги штитат своите функционери и да покажат дека интересот на граѓаните е пред партискиот интерес.