Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за високо образование од 3 милијарди во 2022 зголемен на 8 милијарди денари во 2026, а средствата за наука од 380 на 773 милиони

Посветеноста на една влада за подобрување на состојбите во образование, може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветеноста на една влада за подобрување на состојбите во образование, може да се види по реализираните инвестиции и висината на одвоени средства од Буџетот. А, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажува на дело и во изминатите две години реализираше најголеми инвестиции во науката и во основното, средното и високо образование, каде Буџетот во 2026 година достигна рекордни 40 милијарди денари, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е значително зголемување споредено со 2024 година кога на власт сè уште беше СДС, а буџетот за образование изнесуваше 32 милијарди денари.

Веднаш откако СДС замина во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да управува со институциите, се обезбедија дополнителни 900 милиони денари за редовна исплата на платите во училиштата и 1,4 милијарди денари за повисоки плати на универзитетските професори.

Реклама

Посебно внимание се посвети на високото образование, при што буџетот во 2026 година се зголеми на 8 милијарди денари, што е за скоро три пати повеќе споредено со 2022 кога изнесувал помалку и од 3 милијарди.

Науката има централно место во креирањето на образовните политики и обезбедувањето средства за нивно непречено и успешно реализирање, така буџетот наменет за наука од 380 на 773 милиони денари и само во 2025 година се обезбедија околу 370 милиони денари за педесетина научноистражувачки проекти од национален интерес.

Во изминатите години, по години застој, повторно се инвестира и во инфраструктурата, при што реновирани се два државни студентски дома кои наскоро ќе бидат ставени во функција, започна реализацијата на долгогодишно блокираниот проект за новите објекти на ФИНКИ, започната е и постапката за изградба на нов објект за Факултетот за физичка култура, спорт и здравје.

Освен со зголемени финансиски средства и вложување во инфраструктурата, со цел враќање на квалитетот во високото образование, потребни беа да се преземат и други сериозни чекори.

И токму во интерес на квалитетот на високото образование, се затворија 18 приватни научни институти и високообразовни установи кои не работеле согласно закон, а се подготвува и нова законска рамка за дополнително унапредување на системот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради систем кој инвестира во квалитет, знаење, наука и во подобра иднината на новите генерации.