Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Владата му ги одзеде броилата на локалното „Енерго Прилеп“, прилепчани ќе плаќаат повисоки сметки

Заради одлуката на Владата од месец ноември да му се одземат ингеренциите…

Сподели:

Заради одлуката на Владата од месец ноември да му се одземат ингеренциите на локалното ЈП „Енерго Прилеп“ за стопанисување со броилата за јавно осветлување, а кое што имаше повластени услови за плаќање на електричната енергија за уличното осветлување, прилепчани во новата година ќе плаќаат значително повисоки сметки за оваа услуга.

  • Со огромно жалење морам да истакнам дека донесовме и една непопуларна одлука, односно одлука која што ќе значи зголемени сметки за јавно улично осветлување. Во разговори со градоначалникот се прават напори оваа одлука ако може да се смени. Ќе има интервенции и преку ЗЕЛС. Меѓутоа, за да не ја ставеме општината во правен вакуум, не дај Боже да се случи, иако имаме ветување од ЕВН дека 90 дена ќе не’ снабдуваат на слободниот пазар со електрична енергија, ние не сакавме да ризикуваме и преминавме на ваков непопуларен чекор“, кажа Дејан Проданоски, претседател на Советот на општина Прилеп.

Според Проданоски, најтрагичното во ваквата владина одлука било тоа што биле анулирани евидентните позитивни ефекти додека со овие броила стопанисувало ЈП „Енерго Прилеп“ и кога заштедата на општината, за неполни три месеци била над 200 проценти.

  • „Со ова се прави серизен удар врз средствата од граѓаните, односно сметките ќе бидат далеку повисоки од она што во овие три месеци успеавме да го заштедиме како Општина со трансферирањето, односно со предавањето на броилата на ЈП за енергетски дејности“, посочи Проданоски.

Инаку, оваа принудна одлука за зголемување на сметките за јавно улично осветлување, прилепските советници ја донесоа на последната седница на Советот, одржана на два дена пред Новата година, со единствена цел да не се ризикува и градот да не остане во мрак.

Реклама

Каролина Дурло