Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, пет лица лишени од слобода, со тројца извршен службен разговор

Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници од ПС Тетово вчера во 23:00 часот го лишиja од слобода В.С. (62) од Тетово, постапувајќи по пријава од неговите два сина дека околу 21:00 часот во семејниот двор, нивниот татко В.С., кој бил под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички ги нападнал, а се заканувал и со остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Реклама

Вчера во 22:10 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.Д.(28) од Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 26-годишна вонбрачна партнерка, при што употребил и тврд предмет. По извршени проверки било констатирано дека Н.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,94 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчера во 20:40 часот го лишија од слобода Д.Ш.(24) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес и се заканувал на неговата 22-годишна поранешна партнерка и физички нападнал нејзин пријател. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Велес вчера и денеска извршија службени разговори со Б.А.(60), Е.А.(22) и 20-годишната Ш.Р., сите од Велес. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека во домот, Б.А.(32) од Велес бил физички нападнат од неговиот брат Е.А. кој употребил и дрвен предмет, а потоа и од неговата снаа Ш.Р. и неговиот татко Б.А.. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во СВР Скопје, денеска во 00:10 часот 41-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.07.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг З.Ј.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Во Скопје, 21-годишна девојка од скопско, вчера во 20:20 часот пријавила дека добивала закани од нејзиниот 24-годишен партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Во Штип, полициски службеници од СВР Штип вчера во 18:15 часот го лишија од слобода Р.С.(39) од Штип, по претходна пријава дека на 04.07.2026 околу 14:15 часот во семејниот дом на неговата 35-годишна поранешна сопруга и упатувал закани и ја прекршил судската одлука со која е изречена мерка за заштита од семејно насилство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во Полициската канцеларија Пехчево, вчера во 23:30 часот 46-годишна жена од Пехчево пријави дека околу 21:00 часот пред угостителски објект во Пехчево била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.