Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Васил Стерјовски на јавната расправа за административно-територијалната реформа: Општина Пустец мора да остане посебна општина

Во рамки на процесот на јавната дебата за административно-територијалната реорганизација на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на процесот на јавната дебата за административно-територијалната реорганизација на Република Албанија, расправа се одржа во Корча, со која раководеа копретседателите  на посебната парламентарна комисија,  Арбјан Мазнику и Лучиано Бочи. 
 
На расправата присуствуваа градоначалници, пратеници од округот Корча, претставници на институции, експерти и граѓани, кои ги изнесоа своите ставови и предлози за идната административно-територијална поделба на државата. 
 
Во своето обраќање, копретседателот Арбјан Мазнику истакна дека реформата треба да придонесе за создавање посилни општини и подобра подготовка на Албанија за членство во Европската Унија. Од своја страна, Лучиано Бочи оцени дека јавните сослушувања претставуваат можност граѓаните директно да ги искажат своите проблеми и предлози. 
 
На јавната расправа се обрати и претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој ги претстави ставовите и препораките на партијата во врска со претстојната реформа. 
 
Стерјовски информираше дека МАЕИ веќе доставила официјално писмо до Посебната парламентарна комисија, во кое се содржани конкретни предлози за заштита на правата на македонската заедница во процесот на административно-територијалната реформа. 
 
Тој нагласи дека првото и најважно барање на МАЕИ е Општина Пустец да остане посебна општина, како единствена општина во Албанија во која над 90 проценти од населението припаѓа на македонската национална заедница.

-Укинувањето или менувањето на статусот на Општина Пустец би било спротивно на Уставот на Република Албанија, Законот за заштита на националните малцинства и меѓународните обврски што државата ги има преземено преку Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Со евентуално укинување на општината би се довеле во прашање стекнатите права на Македонците, особено правото на употреба на мајчиниот јазик и образованието на македонски јазик, што би претставувало сериозен ризик од асимилација, истакна Стерјовски. 
 
Како втор предлог, претседателот на МАЕИ побара Општина Пустец да биде преименувана во Општина Преспа, оценувајќи дека новото име подобро ја претставува целата област, која ја сочинуваат девет населени места, а не само селото Пустец. 
 
-Името Преспа е историски, географски и културно препознатливо, како во Албанија така и на меѓународно ниво. Со преименувањето ќе се зајакне препознатливоста и ќе се придонесе за поголема промоција на регионот, нагласи Стерјовски. 
 
Македонска алијанса за европска интеграција очекува предлозите изнесени во јавните консултации да бидат сериозно разгледани и вградени во конечниот предлог на административно-територијалната реформа, во согласност со Уставот, законите и меѓународните стандарди за заштита на правата на националните малцинства.