Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Прилози

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Од секојдневните напади на Венко Филипче и СДСМ кон Алфа, до желби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од секојдневните напади на Венко Филипче и СДСМ кон Алфа, до желби и повици за смрт на вработени во телевизијата од анонимни профили на социјалните мрежи.. Последен на листата е Богдан Илиевски. Профил именуван како „Цандо големиот“, алудирајќи на смртта на актерот Гоце Тодоровски и претходно на Ванчо Петрушевски, со фотографија на која се наоѓа и Илиевски, вели дека двајца починале, а останал уште еден.

-Двајца се средени, останува уште еден…, се вели во постот на кој е фотографијата со Илиевски и двајцата актери.

Очигледно реториката на Филипче им дава сила на членовите и симпатизери на СДСМ, да посакуваат смрт и на други од Алфа. Илиевски не е единствен. Истиот профил жали што пред девет години не го ликвидирал уредникот Коле Чашуле.

Реклама

-Никогаш нема да му простам на Заев што не дозволи ваква стока да биде физички ликвидирана уште летото 2017-та. Досега ќе бевме во ЕУ, се вели во постот со фотографија од Коле Чашуле.

Заканите кон новинари во Алфа, доаѓаат откако Филипче континуирано ја напаѓаше телевиизјата. Сега се отвораат дилеми дали опозицијата го смени методот, па наместо јавно, напаѓа преку ботови.

-И вие ќе се извинувате што ме клеветевте дека имам куќа во Нерези, вие лично и ќе ве ослободам, порача Филипче до новинарот Матеја Петровски.

Инаку, пред четири месеци ТВ Алфа доби кривична пријава од СДСМ за наводно незаконско финансирање. Пред три месеци пак најавена беше и кривична поради објавената златна виза на Венко Филипче, но од истата се уште нема ништо.

Но, тоа не е ништо ново, во владеењето на оваа партија, нашиот медиум секојдневно беше домаќин на финансиските инспектори, кои имаа увид во целата документација за финансиското работење. Алфа беше жртва и на хајки кои ги водеше тогашното СЈО, предовдено од правосилно осудената за криминал Катица Јанева. Но, и при контролите на специјалните обвинители, не беше пронајдена никаква дамка во работењето на телевизијата.

Матеја Петровски