Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Економија

Бауш: Државата не смее да биде партнер со потрошувачите и бизнисот , туку треба  да  биде арбитер , да носи фер одлуки кон сите страни

Владата носи популистички социјални мерки во од само за да ја смири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата носи популистички социјални мерки во од само за да ја смири систуацијата на кратко .  Според економистите потребна е државна долгорочна стратегија наместо  краткорочни  мерки кои нема да ја подобрат економската слика и да го поттикнат економскиот раст .  Економистите предупредуваат дека додека земјите во регионот развиваат стратегии и ја јакнат економијата , кај нас Владата како да не знае што да направи, па носи мерки кои само ќе купат социјален мир, а економски се непопуларни .

Овие мерки како да се навикнавме дека нема да дадат резултат, мерки кои за волја на вистината и претходно не дадоја поголем резултат . Ко некако да ја префрла вината централната вина кон бизнисот, а имајќи предвид дека цело време ги форсираа , се мешаа во компонентите на пазарот Оваа ситуација не може вака, со краткорочни мерки и нема да го дада резултатот , и овие се мерки кои директно влијаат врз пазарот , вели Професор Абил Бауш за Алфа .

Она што недостига во Македонија е да се вложува во капитални инвестиции и стратегија за раст на домашното производство .  Наместо државата само да го вперува прстот кон еден или кон друг , треба да пресече и да не одбира страни , туку функционерите да седнат и да развијат стратегија за економски раст на среден и долг рок .

Реклама

Државата не смее да биде партнер меѓу потрошувачите и бизнисот , туку треба да носи фер одлуки кон сите страни . Ние немаме стратегија за среднорочни цели .  Ние сме држава кои не сме техничко технолошки развиени . Додека се расврламе со пари со некапитални инвестиции , би било подобро да инвестираме во капитални инвестиции , вели Бауш за Алфа .

После 2 месеци ценовен шок, вчера конечно Владата реши да најави некаква мерка .  Се укинуваат акциите во маркетите и цените на прехранбените производи кои имаат 5 отсто ДДВ ќе бидат замрзнати од идната недела . Трговците ќе имаат обврска линеарно да ги намалат цените за 10 отсто.

Кристина Алексиеска