Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрла тврдењата дека институцијата не реагира навремено во однос на појавата на сипаници кај малите преживари. 

Како што нагласува, во услови на појава на заразни болести, од клучно значење е сите засегнати страни – институциите, ветеринарните друштва и одгледувачите – доследно да ги почитуваат пропишаните мерки и да дејствуваат координирано, со цел навремено сузбивање на болеста и спречување на нејзиното понатамошно ширење.

-АХВ останува целосно посветена на заштитата на здравјето на животните и зачувувањето на сточниот фонд. Постапува веднаш по добивањето лабораториска потврда за присуство на болеста, во согласност со законските надлежности, националните протоколи и меѓународните стандарди за контрола и сузбивање на заразните болести кај животните. По секој потврден случај, без одлагање се преземаат сите пропишани мерки, вклучително и ставање на жариштето под контрола, воспоставување заштитни зони и зони под надзор, спроведување епидемиолошка истрага, ограничување на движењето на животните, решенија за контролни и заштитни мерки и други мерки со цел да се спречи натамошно ширење на болеста и да се заштити сточниот фонд, наведува Агенцијата.

Реклама

Додава и дека навремено и транспарентно ја информира јавноста за секој потврден случај и за мерките што се преземаат, со цел граѓаните и засегнатите страни да бидат навремено запознаени со состојбата.

-Во однос на постапувањето на останатите институции, Агенцијата нагласува дека секоја институција постапува во рамки на своите законски надлежности и овластувања. АХВ нема законска можност да ѝ наложува на друга институција како да постапува, туку во рамки на воспоставениот систем на меѓуинституционална координација соработува со сите надлежни органи. Насоките и мерките за справување со болеста се утврдуваат врз основа на проценка на ризик и стручни анализи од страна на експертската група, составена од релевантни стручни лица, а Агенцијата ги спроведува и координира мерките што се во нејзина надлежност, велат од АХВ.

Сточарите кои денеска беа на средба во АХВ, рекоа дека бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредија дека ситуацијата е алармантна и дека не е доволно да се врши само идентификација и утврдување на жариштата, заболените грла и зафатените стада.