Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Економија

Афера „Паразити“ на ВМРО-ДПМНЕ: тројца директори наплатиле милион евра за еден мандат

Се нижат имиња на директори од владејачката гарнитура кои инкасираат огромни пари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се нижат имиња на директори од владејачката гарнитура кои инкасираат огромни пари врз грбот на граѓаните. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја збогати аферата „Паразити“ со уште тројца функционери кои заработуваат астрономски плати, без притоа, како што велат од партијата да испорачаат конкретни резултати од својата работа. Меѓу нив се најде првиот човек на Развојната банка на Македонија Кире Наумов, со плата од над 2.500 евра кој за четири години мандат наплатил дури 120 илјади евра.

„Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов, кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец“ – вели Ивица Томовски ОД ВМРО-ДПМНЕ.

На листата „Паразити“ се најде и директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику со плата од 30 илјади евра за една година, како и финансискиот директор на Телеком Славко Пројковски со плата од 6 илјади евра месечно.

Реклама

„Директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра. Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра. Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра“ – вели Томовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека само за палти овие тројца функционери за еден мандат земаат еден милион евра, додека голем дел од граѓаните се на минималец, а власта реши да крати од студентите. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски побара да се направи чистка меѓу непродуктивните кадри и нивелирање на нивните плати. Аферата која ќе продолжи и наредните денови, веќе ги опфати имињата на првите луѓе на Агенцијата за цивилно воздухопловство, ПУИК и Македонска Навигација, како и директори и функционери во Телеком и МЕПСО.

Тања Попова