Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Арсова: Владата останува посветена на создавање поефикасен, поправеден и посоцијално одговорен систем

Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приоритет на Владата уште од самиот почеток на мандатот е унапредувањето на системот за социјална заштита. Иако беше наследен системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита, истиот е целосно реформиран преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања, рече Драгана Арсова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Новиот систем им овозможува на стручните лица во центрите за социјална работа дигитализирана алатка за целосно следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство. Со тоа се надминува досегашниот модел на поединечно администрирање и се воспоставува социјална политика заснована на реална проценка на потребите и ефикасна поддршка.

Во тек е и преиспитување на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност. Резултатите од оваа постапка ќе покажат дали постојат пропусти во законските решенија донесени од претходната власт, како и евентуални злоупотреби, врз основа на што ќе бидат подготвени соодветни законски измени.

Реклама

Паралелно се работи на воспоставување унифициран систем за проценка на попреченоста, а во финална фаза е и подготовката на Законот за вработување на лица со попреченост.

Склучени се над 80 управни договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги за обезбедување услуги во домот и во заедницата. Истовремено, континуирано се проширува мрежата на даватели на социјални услуги со цел унапредување на конкуренцијата и квалитетот на услугите.

Откочен е и процесот за полагање на стручниот испит за негуватели и воспитувачи, долгогодишен проблем наследен од претходната власт, кој го попречуваше функционирањето на институциите и професионалниот развој на кадарот.

Еден од приоритетите на Владата уште од почетокот на мандатот беше линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери. Оваа мерка е целосно реализирана, при што пензиите се зголемени за 7.000 денари за над 330.000 пензионери.

Паралелно се реализираат активности за зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст преку изградба на нови и реконструкција на постојните детски градинки. Со овие инвестиции е предвидено зголемување на капацитетот за дополнителни 3.515 деца на ниво на целата држава.

Почитувани,

Спроведените реформи и реализираните мерки се доказ за посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон создавање поефикасен, поправеден и посоцијално одговорен систем. Преку конкретни резултати и континуирани инвестиции, се поставуваат темелите за подобар животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани.