Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за случајот „Хотел Изгрев“

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која обвинетите беа ослободени од вина, а се преиначи во делот од пресудата кој веќе е застарен на начин што е донесена одбивателна пресуда.

Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Апелација одлучувала по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против првостепената пресуда за обвинетите Д.М. и Ѓ.М. од Струга и Д.С. од Скопје, кои беа гонети за кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело.

– Второстепениот суд, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против пресудата на Кривичниот суд Скопје против обвинетите Д.М. и Ѓ.М. од Струга и Д.С. од Скопје за кривичните дела Перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.1, донел пресуда со која жалбата на Јавниот обвинител се одбива како неоснована односно ослободителната пресуда на Кривичниот суд против обвинетиот Д.С. се потврдува, а ослободителната пресуда против Д.М. и Ѓ.М се преиначува на начин што обвинението против овие двајца обвинети се одбива согласно чл. 367 т.6 од ЗКП , односно гонењето не може да продолжи заради застареност, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Реклама

Според Судот, станува збор за судска постапка која за првпат е започната во 2009 година и до 2025 година се донесени повеќе, различни првостепени пресуди кои по жалба на странките и одлука на Второстепениот суд е враќана на повторно постапување.

-Постапката е водена според процесниот Закон за периодот кога е започната постапката и  според кој нема ограничување колкупати првостепената пресуда ќе биде укинувана од страна на повисокиот суд и враќање на  почетокот. Со сегашната одлука на Апелациониот суд Скопје предметот станува правосилен, велат од Основниот кривичен суд Скопје.