Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Ангелова: ВМРО-ДПМНЕ го враќа достоинството и квалитетот во образованието, учебниците, наставниците и учениците повторно се приоритет

Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците – рече Емилија Ангелова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над еден милион примероци се на училишните клупи, а набавени се по значително пониски цени, со што само во последните две години се заштедени околу 45 милиони денари.

За првпат по седум години, учениците повторно добија учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански.

Реклама

Паралелно со тоа, Владата ја врати сигурноста и за наставниците. Со потпишаната спогодба со СОНК е обезбедено гарантирано зголемување на платите во следните четири години од 40 до 60 проценти, зависно од инфлацијата. Само во првите две години платите се зголемени за повеќе од 20 проценти.

За разлика од минатото, кога платите се покачуваа исклучиво пред избори и никој не знаеше колку ќе изнесува покачувањето, денес постои јасен и предвидлив систем кој го вреднува трудот на наставниот кадар.

Дополнително, за првпат е овозможен кариерен напредок и за наставниците и стручните соработници во средното образование преку избор во звања ментор и советник.

Посебно внимание е посветено и на инклузивното образование. Додека во времето на СДСM и ДУИ имаше околу 800 образовни асистенти само во основното образование, денес има 1.350 во основните училишта и за првпат 150 асистенти во средното образование.

Истовремено се модернизира и образовниот процес. Над 160 училишта се опремени со современа ИТ опрема, дигитализирани се сите услуги за учениците и студентите, административниот товар на наставниците е значително намален со новиот електронски дневник, воведени се електронски свидетелства, а за првпат во образованието се воведуваат и насоки за етичка примена на вештачката интелигенција, со обучени повеќе од 1.000 наставници.

Само во првата година од мандатот се инвестирани над 70 милиони евра во нови училишта, спортски сали, реконструкции и проширување на образовната инфраструктура, што претставува повеќекратно вложување споредено со периодот на власт на СДСM.

Ова се конкретни резултати кои покажуваат дека кога има одговорна политика, образованието добива стабилност, а учениците и наставниците добиваат услови какви што заслужуваат.