Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

Фекалии  во водата која ја пиеле гостиварци. Според неофицијалните информации до кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фекалии  во водата која ја пиеле гостиварци. Според неофицијалните информации до кои дојде Алфа од четири испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колимфорни бактерии, а во еден е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Потврда за овие информации не даваат од Институтот за јавно здравје, бидејќи велат за тоа треба да добијат дозвола од Обвинителството, по чие барање ги вршеле анализите. Директорката Марија Андоновска објаснува дека испитувањата биле завршени  за половина ден. Барањето на мејл од обвинителите стигнало во четвртокот во попладневните часови, а земањето на мострите било завршено во петок во пет наутро. 

-И за буквално еден час од применото барање се екипиравме со потребна стручна екипа и излеговме на терен, значи воопшто тука не се губеше време, беше најкраткото можно време за екипирање и наша стручна екипа од ИЈЗ излезе на терен, заедно со останатите повикани институции од страна на Обвинителството. Службите, значи оваа екипа заврши со работа во раните утрински часови во петокот, изјави Андоновска.

Реклама

Од четвртокот наваму четири лица се хоспитализирани во Гостивар, а вкупниот број на луѓе кои се пожалиле на симтоми на стомачен вирус е над 3.000. Министерот за здравство Сашио Клековски вели дека клиничката слика кај сите останува иста, најголемиот број имаат стомачни проблеми, додека поретки се случаите на треска. Поради состојбата во Гостивар се активираше и Комисијата за заразни болести.

-Во Општата болница се први контакти 1.750, во Здравствен дом Гостивар 1.392, значи приближно 3.100. Од Здравствениот дом во општата болница упатени 285, така што може да имаме преклопување на бројките, домашни посети итната медицинска помош има 112. Во моментот хоспитализирани имаме четири лица, три возрасни и едно дете, изјави Клековски.

Владата реагираше брзо, координари се сите институции кои се надлежни за проблемите во Гостивар. Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во Гостивар на дневно ниво ќе се испорачува  по 50 илјади литри вода додека трае кризата, но количината може и да се зголеми доколку е тоа потребно.

-Денеска е првиот ден кога стартуваме, зависно од тоа колку ќе има потреба во текот на деновите и ако има потреба, ќе се зголемува количината. Конкретно денеска можам да кажам дека во текот на денот ќе бидат доставени три и еве понеделнички ќе има 76 тони вода, значи 76 илјади литри. И да не се исклучува можност доколку има потреба и цистерни, цистерни ќе се обезбедат, населението да не биде загрижено, се што е потребно како Влада ќе направиме и ќе обезбедиме се што е потребно за непречено функционирање, изјави Томовски.

Од Владата очекуваат целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до оваа состојба.

Матеја Петровски